Monday
Sep 06th

Стационар Вардариште

Е-пошта Печати PDF

ЈП “Комунална хигиена“ веќе трета година успешно го спроведува Проектот за третман на кучињата скитници на подрачјето на град Скопје, раководејќи се од принципите за хуман третман на животните или таканаречена ЦНР програма, осмислена од Светската асоцијација за заштита на животни (WSPA) и Кралското здружение за заштита на животните на Велика Британија (RSPCA) и поддржана од Светската здравствена организација. (WHO). ЦНР програмата всушност значи: catch, neuter, release или “залови, стерилизирај, пушти“.

Според оваа програма, одобрена и од Советот на Град Скопје, кучињата се заловуваат од страна на специјализирана, доброобучена и опремена служба за Хуман третман и контрола, на ЈП Комунална хигиена и се носи на Стационар, лоциран на некогашната градска депонија Вардариште, со капацитет за третман и сместување на четириесетина животни, изграден  кон крајот на 2007 година. Ветеринарната служба во Стационарот ја проценува здравствената состојба на бездомните кучиња, по што здравите и млади единки се подложуваат на третман на стерилизација, се прочистуваат од паразити и се враќаат на изворната локација, додека заболените и прекумерно агресивни кучиња се еутаназираат. Програмата се реализира под постојан мониторинг на стручни тимови на Британското кралско здружение.

_MG_0759


Секој петок и сабота од 9 до 12 часот е Отворен ден на Стационарот каде што сите заинтересирани граѓани можат да дојдат да си одберат и  вдомат куче .Притоа, кучињата, од најразлични раси и големини, определени за вдомување се истретирани и вакцинирани и, се разбира се бесплатни.Вдомувањето на кучињата бездомници е една од мерките со која се очекува да се намали и бројот на бездомни кучиња со тоа што новиот сопственик ќе се грижи за миленикот и ќе ги почитува постоечките Закони.

Меѓутоа, со цел да се зголеми интензитетот во реализацијата на програмата, а во интерес на граѓаните кои и натаму имаат поплаки за големиот број на бездомни кучиња по скопските улици, Комунална хигиена го зголеми бројот на вработени во стационарот за кои и набави соодветна нова опрема за заловување на кучиња. Стационарот како донација од Град Скопје се опрами со уште едно возило, а во тек е подготовка вториот дел на Стационарот со што ќе се зголеми и капацитетот на стационарот и ќе се подобрат условите за престој на кучињата.

 

RTEmagicC_TABLA-stacionar-1.jpg

Акција
Вдоми куче, спаси живот - добиј пријател
Контакт телефон со Службата за третман на
бездомни кучиња и пријавување на агресивни
кучиња: 8201-315
Раководител:
Слободан Костески моб. 075/499-009

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Фото галерија

 

 

 

ФОТОГРАФИИ

blagodarnica za KHS.jpg