Wednesday
Sep 08th

Еко патрола

Е-пошта Печати PDF

ЕКО ПАТРОЛА

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

CO ДИВИ ДЕПОНИИ СЕ ГРАДИ КУЛТУРА НА УРБАНО ЖИВЕЕЊЕ!!!
ДАЛИ СТЕ ЈА ОБАВИЛЕ СВОЈАТА ДОЛЖНОСТ?


БИДЕЈКИ обврска на граѓаните на град Скопје е сметот кој го создаваат, а кој се нарекува комунален отпад, да го одлагаат исклучиво во садовите наменети за таа цел, а тоа се контејнерите, кантите, како и корпите за смет на јавните површини.
Јавното претпријатие Комунална хигиена во Скопје е основано од локалната самоуправа на Град Скопје и негова обврска е собирањето на комуналниот отпад од наменските садови (контејнери од 1,1 м3 и канти од 120 л. од индивидуалните домаќинства), негово транспортирање на депонијата Дрисла, како и одржувањето на јавната хигиена, односно чистењето, метењето и миењето на јавните сообраќајни површини. Од друга страна, обврска на граѓаните на град Скопје е сметот кој го создаваат, а кој се нарекува комунален отпад, да го одлагаат исклучиво во садовите наменети за таа цел, a тоа се контејнерите, кантите, како и корпите за смет на јавните површини.

ПОД ЛУПА НА ЕКОПАТРОЛА ЗА КВАЛИТЕТНО УРБАНО ЖИВЕЕЊЕ

Соочена co реалноста и секојдневието во Скопје, ЈП Комунална хигиена оформи Еко-патрола во своите рамки, чија задача е да ги евидентира локациите на дивите депонии и да се обиде да ги пронајде сторителите, кои, доколку ги пронајде, потоа ги упатува својот смет да го дислоцираат од непрописната локација и тоа на сопствен трошок. Во план е Еко-патролата да се прошири со број на извршители.
Излез од ваквата ситуација Претпријатието гледа во заокружувањето и извршувањето на казнената политика во оваа комунална сфера, како и поголем ангажман на надлежните инспекциски служби во изнаоѓањето на причинителите на нехигиената и на дивите депонии, кои потоа би биле принудени со сопствени средства да ги исчистат локациите.

СООЧЕТЕ СЕ СО РЕАЛНОСТА И НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ДА ИМАТЕ ГРДИ СЛИКИ ОКОЛУ ВАС...

 

 

ФОТОГРАФИИ

proletno chistenje chair11.JPG