Министерството за животна средина и ЗЕЛС донираа 20 000 канти за селекција на отпадот од кои 4800 канти се наменети за градот Скопје. Кантите свечено беа предадени во употреба во Рециклажниот двор на ЈП Комунална хигиена Скопје која ја дава логистичката поддршка за овој проект.
![]() | ![]() |
Кантите ќе се распределуваат во јавните установи во скопските општини според методологија утврдена од Министерсвото за животна средина , ЗЕЛС и самите општини. Кантите од 120 л. се во различни бои укажувајќи на различниот отпад кој ќе се одлага во нив. Зелените канти се наменети за комунален отпад, сините за оставње на хартија, жолтите за пластика и кантите со потемна нијанса на жолта боја за биоразградливиот отпад.
Со овој проект за прв пат во Македонија и јавните установи ќе го селектираат отпадот со што ќе се влијае на свеста на граѓаните за совесно и одговорно однесување со отпадот.





