Monday
Sep 06th

Претставници на РСПЦА

Е-пошта Печати PDF

Претставници на РСПЦА го посетија стационарот Вардариште

Претставници од Кралското здружение за заштита на животните на Англија изминатата недела го посетија стационарот Вардариште. За време на посетата која траеше седум дена, одржаа кратка обука за правилно заловување и третман на кучињата на нововработените во стационарот. Со обуката се овозможи сите заловувалчи да имаат соодветен и ист начин на заловување. Посетата се искористи и да се дадат сугестии за подобрување на работата на стационарот: Беа изложени конкретни предлози за процедурите за работа во стационарот, предложени беа и поконкретни постапки за работа, а и за доследно почитување на стандардите во однос на самиот простор и хигиената.

Сите забелешки ќе бидат имплементирани и во правилникот за работа кој го подготвува Ветеринарната управа за работата на стационарот и ќе биде во склад со програмата за работа на истиот. Исто така ќе продолжи и соработката со Ветеринарниот факултет во доменот на програмата за работа на стационарот.
На оваа средба присуствуваа и претставници на Ветрринарниот факултет, Ветеринатната управа и Градот при што се разменија мислења и искуства корисни за понатамошното правилно функционирање на стационарот Вардариште.
Наредната посета на странските претставници ќе биде следната година кога повторно ќе ја оценат работата на стационарот.

 

ФОТОГРАФИИ

slika1.jpg