Monday
Sep 06th

ЈП КХС подготвена за првиот снег

Е-пошта Печати PDF

Службите на ЈП Комунална хигиена благовремено излегоа на скопските улици и се вклучија во расчистувањето на првиот снег. Се чистеа патеки на тротоарите, плоштадот, мостовите, приоди до здравствените установи, амбасадите, Собранието на Република Македонија и владата.

Гинекологија Чаир, Моша Пијаде, 11 Октомври, Димитрие Чуповски, Васил Главинов, Плоштад, Македонија, Крсте Мисирков, Цветан Димов, христијан Т.Карпош, Стив Наумов, Климент Охридски, Кочо Рацин, Гоце Делчев, Чаршија, грчка Амбасада, Холандска Амбасада, Шведска Амбасада, Норвешка Амбасада, Полска Амбасада, Руска Амбасада. По расчистувањето во централното градско подрачје каде што фрекфенцијата на граѓаните е најголема, ќе се премине на расчистување на тротоарите и на магистралните улици и во другите скопски општини.

Во расчистувањето, се ангажирани 200 работници ,а од механизацијата која ја има претпријатието се користат мотокултиватори, трактор и три камиончиња - пјаџо.

Комунална хигиена упатува апел до граѓаните да не ги оставаат своите возила до контејнерите бидејќи на тој начин специјалните комунални возила ќе немаат пристап до истите и не ќе може навремено да се собере сметот.

 

ФОТОГРАФИИ

kamion6.jpg