Wednesday
Sep 08th

ПЕТ амбалажа и пластика

Е-пошта Печати PDF

Собрани 52.304 кг на ПЕТ амбалажа и пластика

ЈП Комунална хигиена Скопје изминатата година собра 52.304 кг на пластична амбалажа.
Селекцијата на отпадот во Скопје започнувајќи од општина Карпош, веќе трета година се спроведува во сите општини во Скопје.

Пластиката се собира од 130 жичени контејнери поставени на фреквентни локации и од околлу 2000 индивидуални домаќинства. Пластиката потоа се селектира по боја и се балира. Како таква се предава на соодветни фирми кои ја рециклираат. Споредувајќи ги резултатите со истите за 2008 (16.262кг.) се забележува трикратно зголемување на количеството на пластика.Ова покажува дека интересот кај граѓаните за селектирање на отпадот е голем но и дека со отпадот правилно се постапува.

 

ФОТОГРАФИИ

2.JPG