Monday
Sep 06th

Собрани 5818 м3 смет

Е-пошта Печати PDF

За 2009 год. екипите на ЈП Комунална хигиена Скопје од дивите депонии на подрачјето на Скопје собраа 5818 м3 на најразличен смет: шут, земја, гранки, кабаст отпад и др.

Секоја година се собира големо количество на најразличен смет кој од страна на несовесни граѓани се остава на несоодветни локации. Во Скопје постојат над 100 „црни точки„ каде постојано се остава смет надвор од садовите кои се за таа намена.

Секој ден со одредена динамика се расчистуваат повеќе локации каде што се направени диви депонии со што дополнително се ангажираат екипи на Претпријатието, возила за сметка на редовното собирање на сметот. Со тоа се зголемуваат и трошоците за работа а се нарушува динамиката на собирање на сметот.
На одредени локации со заедничко заложување и на граѓаните и на Комунална хигиена се успева истите да останат чисти и на нив да нема оставен смет како на пр: во општина Шуто Оризари, Чаир и др.
Затоа апелираме што повеќе граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота, и да се однесуваат правилно со сметот.

 

ФОТОГРАФИИ

kamion4.jpg