Започнувајќи од ноќта на 9.03.2010 год. службите на ЈП Комунална хигиена започнаа со расчистување на снегот од скопските улици.

Со 3 пијаџа. 1 трактор, 2 култиватори се раасчистуваа и правеа приоди до објектите кои се од витално значење за градот: мостовите, болниците, Собранието на Р.М, Владата, плоштадот и др.
Со 110 работника во текот на денот ќе се расчистуваат: ул„ 11 Октомври„, „Димитрие Чуповски„, „Водњанска„, бул. „Климент Охридски„, „М.Х Јасмин„, „Илинденска„, „Кочо Рацин„, „Моша Пијаде„, „Стив Наумов„, „К:Ј Питу„, „Крсте Мисирков„, „Х.Т Карпош„, Стара Чаршија, плоштадот Македонија и ул „Македонија„.



