Во рамките на пролетната акција за чистење на општината Шуто Оризари,што ЈП „Комунална хигиена“- Скопје ја спроведе во периодот 1-3 јуни 2010,се расчистени вкупно 237 м3 диви депонии во општината,лоцирани на улиците:
Мелничка, Нов живот, Шуто Оризари, ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“, Виетнамска, Брсјачка буна, Македонско-косовска бригада, Нов живот и Гвадалахара.
Подигнати се вкупно 26 м3 од садовите специјално наменети за кабаст отпад, поставени на улиците: Нов живот, Здравствен дом „Шуто Оризари“ и ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“.
Направена е поправка на 34 контејнери, дезинфицирани се и исчистени 85 контејнери, додека фарбање е извршено на 40 контејнери.
Во текот на акцијата, Службата за хуман третман и контрола на бездомните кучиња при стационарот „Вардариште“, залови вкупно 50 кучиња.
Триесетина работници од ЈП „Комунална хигиена“ беа секојдневно ангажирани со рачно метење и машинско перење на следните улици во општината:
Шуто Оризари, Нов живот, Вашингтонска, Виетнамска, Гвадалахара, Бутелски Венец, Виничка, Волт Дизни, крми:1162,1189,1161,1194,1196,1190, Че Гевара, Плачковица, Мелничка, Гарсија Лорка и Иљо Војвода.
Во рамките на акцијата, во основното училиште „26-ти Јули“ беше извршена едукација на учениците од четвртите одделенија, на тема – рециклирање и селекција на ПЕТ-амбалажата, хартијата, биоразградливиот отпад и останатите видови отпад. ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во дворот на училиштето постави разнобојни 120-литарски канти за селективно собирање на отпадот.
Во оваа прилика, општината Шуто Оризари и ОУ „26-ти Јули“ ги посети градоначалникот на градот Скопје, г-динот Коце Трајановски, кој од страна на директорот на ЈП „Комунална Хигиена“ - Скопје, г-динот Ракип Дочи, беше запознат со текот на пролетната акција за чистење, што под мотото „Заедно за чисто и зелено Скопје“ продолжува во општината Бутел.



