Monday
Sep 06th

Пролетно чистење на Општината Бутел...

Е-пошта Печати PDF

Во периодот 4-7 јуни 2010, традиционалната пролетна акција за чистење на градот Скопје, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ја спроведе во општината Бутел.

Во рамките на акцијата се расчистени вкупно 223 м3 диви депонии во општината,подигнати се 102 м3 кабаст отпад,направена е поправка на 26 контејнери,дезинфекција и чистење на 123 контејнери и фарбање на 30 контејнери.

Диви депонии се расчистени од улиците: Бутелска, Петар Манчуков, Бутелска- Расадник, Бетовенова, Радишанска (две локации), Радишанска, Нов живот и Призренска.

Садовите специјално наменети за кабаст отпад се испразнети на следните локации: Рокомија, Призренска, нас. Скопје Север – паркинг зад црквата,нас. Радишани - прв влез.

Триесетина работници од ЈП „Комунална хигиена“ беа секојдневно ангажирани со рачно метење и машинско перење на следните улиците: Радишанска, Пат за Радишани, Боро Кралевски, Амди Демир, Симче Настевски, АФЖ, Боро Менков со ПП, Тале Христов со ПП, Лазо Москов со ПП, Костурска, Кемал Сејфула, Х.Т.Карпош, Босна и Херцеговина, Втора македонска бригада, Македонско- косовска бригада, Бутелска, Ферид Бајрам, А. Урдаревски, Боро Менков, Тале Христов, Лазо Москов, Кемал Сејфула, Боца Иванова, Цетинска, Рокомија, Хо Ши Мин, Н.Кучевишки, К.Марко, П.Манџуков, А.Бујнов, Т.Пуре, Бетовенова, Галичка, Б.Иванова, ПП пред општина Бутел. Рачно метење беше извршено и во Паркот во општината Бутел.

Во текот на акцијата, Службата за хуман третман и контрола на бездомните кучиња при стационарот „Вардариште“, залови вкупно 29 кучиња.

 

 

ФОТОГРАФИИ

maraton_trasa.JPG