
Во рамките на пролетната акција за чистење на општината Гази Баба, што ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје ја спроведе во периодот 8-10 јуни 2010,се расчистени вкупно 197 м3 диви депонии во општината,лоцирани на улиците:Гемиџиска,Шеснаесетта македонска бригада,Лазар Поп Трајков,Благој Стевковски,Париска комуна,Жан Жорет,Јордан Поп Јорданов,Маџари,Јужноморавска,Зендел Џемаил, 512, 515, 520, 519 и Перо Наков.
Подигнати се вкупно 35 м3 од садовите специјално наменети за кабаст отпад, поставени на улиците: Анри Барбис, Модест Мусоргски, Јани Лукровски, Лазар Поп Трајков, Сречко Пужалка, Палмиро Тољати и Антон Попов.
Направена е поправка на 38 контејнери, додека дезинфицирани се и исчистени 150 контејнери од улиците: Јани Лукровски, Лазар Поп Трајков, Жан Жорес, Перо Наков, Јордан Поп Јорданов, Париска комуна, Маџари, Благоја Стевковски и Ташко Караџа. Репарирани 40 и 9 нови контејнери се поставени на улиците: Јужноморавска, Антон Попов, Маџари, Благоја Стевковски и Благој Петков. Фарбање е извршено на 80 контејнери од следните улици: Гемиџиска, Коце Металец, Перо Наков, Маџари, Благоја Стевковски и Антон Попов.
Триесетина работници од ЈП „Комунална хигиена“ беа секојдневно ангажирани со рачно метење и машинско перење на следните улици: Б.Стевковски, нас.Триангла, Маџари, нас.Хиподром, Париска Комуна, Антон Попов, Јужноморавски бригади, С.Пужалка, Финска, П.Толјати, бул.Александар Македонски, Л.П.Трајков, Ј.Лукровски, Т.Караџа, Т.Хаџијанев, ППлацеви и други приоди во нас. Автокоманда, Војводина, Шеснаесетта македонска бригада, К.Металец, Ф.Филиповиќ, Б.Стевковски, Гимиџиска, Зеничка, П.Наков, Париска комуна и 808.
Во текот на акцијата, Службата за хуман третман и контрола на бездомните кучиња при стационарот „Вардариште“, залови вкупно 27 кучиња.



