
Во рамките на пролетната акција за чистење на општината Карпош, што ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје ја спроведе во периодот 15-17 јуни 2010, се расчистени вкупно 76 м3 диви депонии во општината, лоцирани на улиците:
Париска, Брадфордска, Рузвелтова, Јуриј Гагарин, Козле, Московска, Адолф Циборовски, Илинденска, Женевска, Варшавска, Митрополит Т. Гологанов (ТЦ Олимпико), Скупи Мусли Компани.
Направена е поправка на 47 контејнери, извршено е фарбање на 20 контејнери, додека дезинфицирани се и исчистени 55 контејнери од следните улици: Женевска, Митрoполит Теодосиј Гологанов, Козле, Миле Поп Јорданов, 8-ми Септември, Јуриј Гагарин, Московска, Митрополит Т. Гологанов, Партизанска, Рузвелтова, Варшавска, Милан Марковиќ, Волгоградска, Желево, Вич, Никола Парапунов.
Триесет работници од ЈП „Комунална хигиена“ беа секојдневно ангажирани со рачно метење и машинско перење на следните улици: Илинденска, О.Николов, Партизанска, 8-ми Септември, Б.Договор, Љубљанска, Н.Русински, Р.Бошковиќ, Б.Нушиќ, Н.Тесла, К.Востание, Волгоградска, Н.Парапунов, Р.Востание, Заводска, И.Л.Рибар, 557, Рузвелтова, Дрезденска, Козле,
Московска, Адолф Циборовски, Варшавска, Лондонска, Софиска, Женевска, Пролетерска, Ј.Гагарин, Брадфорска.
Во текот на акцијата, Службата за хуман третман и контрола на бездомните кучиња при стационарот „Вардариште“, залови вкупно 12 кучиња.


