Во периодот 18 мај-24 јуни 2010, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје учествуваше во пролетната акција за чистење на градот Скопје, што под мотото „Заедно за чисто и зелено Скопје“ се одвиваше во сите скопски општини.

Во рамките на акцијата се расчистени вкупно 2020 м3 диви депонии, а од поставените специјални садови наменети за кабаст отпад се подигнати 398 м3 отпад. Направена е поправка на 238 контејнери и репарација на 110 контејнери, дезинфицирани се и исчистени 1140 контејнери, додека фарбање е извршено на 385 контејнери. Со рачно метење и машинско перење беа опфатени сите сообраќајници во скопските општини. Службата за хуман третман и контрола на бездомните кучиња при стационарот „Вардариште“, залови вкупно 135 кучиња.
Во рамките на акцијата „Заедно за чисто и зелено Скопје“, за најмладата популација во три градинки „Снежана“ во општината Чаир беше извршена едукација на тема – рециклирање и селекција на ПЕТ-амбалажата, хартијата, биоразградливиот отпад и останатите видови отпад. Предавања на оваа тема беа организирани и за учениците од четвртите одделенија од основното училиште „26-ти Јули“ во општината Шуто Оризари. ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во дворот на училиштето постави разнобојни 120-литарски канти за селективно собирање на отпадот. Канти за селективно собирање на отпадот и поголемо количество пластични кеси беа поделени и во сите воспитно-образовни институции во општината Кисела Вода.


