Monday
Sep 06th

ДЕЗИНФЕКЦИЈА И ФАРБАЊЕ НА КОНТЕЈНЕРИТЕ

Е-пошта Печати PDF

Во продолжение на пролетната акција за чистење на градот Скопје, што под мотото „Заедно за чисто и зелено Скопје“ се одвиваше во сите скопски општини, ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје врши фарбање и дезинфекција на контејнерите во градот, како една од превентивните мерки што претпријатието ги презема во поглед на одржувањето на хигиената во летниот период.


Приближно 220 контејнери се дезинфицирани и префарбани во општините Кисела Вода, Гази Баба и Карпош, а во моментов се работи во општината Центар. Во претстојниот период, дезинфекцијата и фарбањето на контејнерите продолжува во општините Аеродром и Кисела Вода.

 

 

ФОТОГРАФИИ

grad_dir.JPG