Во текот на месец јуни 2010, Еко - патролата при ЈП „Комунална хигиена“- Скопје перманентно вршеше увид на динамиката на селекцијата и собирањето на ПЕТ- селектираниот отпад, со цел спречување на неговата злоупотреба од страна на неовластени лица кои за стекнување финансиска добивка го одземаат ПЕТ- селектираниот отпад од специјално поставените садови наменети за негово одлагање.
На барање на ЈП „Паркови и зеленило“, Еко-патролата во текот на три работни дена изврши заедничка контрола на зелените површини во општините Карпош и Центар, при што од страна на прекршителите на Законот за јавна чистота беа исчистени вкупно 613 м3 отпад од дивите депонии.
Патролирање беше направено и на кејот 13-ти Ноември, при што беа опоменати граѓаните и вработените во околните стопански објекти кои ненавремено го исфрлаат сметот на посочената микролокација.
Во сите угостителски објекти лоцирани во Старата чаршија, Еко-патролата изврши едукација на тема – третман на жарот од скарите и на отпадоците од храната.
Во текот на своите активности во месецот јуни, Еко-патролата направи вкупно 68 записници за комунален отпад и 79 едукативни записници.



