Wednesday
Sep 08th

Лево

Уредување на левата страна на Кејот

Уредување на левата страна на Кејот

Комунална хигиена - Скопје го расчистува сметот на левата страна на кејот на реката Вардар

ЈП Комунална хигиена - Скопје изминатиот период започнувајчи од 7 па се до 14 Август го уредуваше кејот на левата страна на реката Вардар. Започнувајќи од Камениот мост па се до Градската плажа, се собираше најразличен смет, трева, лисје.

Секој ден беа ангажирани екипи со по 20 и повеќе работници кои работеа на косење на тревата по патеките, корнење на тревата на долната патека, отворање на ивичниците, метење и средување на патеките.

На потегот од Камениот мост па се до пешачкиот мост зад Владата на РМ се собрани 20 м3 на смет. Активностите продолжуваат до крајот на месецот со подигање на останатиот дел на собраниот смет и доуредување на кејот.

 

 

Проширување на капацитетите на стацинарот

Проширување на капацитетите на стацинарот

На 25 јули 2010 година, беа пуштени во употреба новите капацитети на стационарот „Вардариште“, којшто е проширен за 48 нови боксови каде што ќе бидат сместувани  кучињата - скитници, што според ЦНР - програмата на Светската асоцијација за заштита на животни (WSPA) и Кралското здружение за заштита на животните на Велика Британија (RSPCA) – „залови, стерилизирај, пушти“ -  веќе трета година по ред се третираат од страна на Службата за хуман третман и контрола на кучињата - скитници при ЈП „Комунална хигиена“.

Отворени денови за граѓаните во стационарот „Вардариште“ се петок и сабота, од 9 до 13 часот, кога сите заинтересирани граѓани можат да одберат и да вдомат куче. Сите кучиња што се определени за вдомување се истретирани и вакцинирани, а вдомувањето е бесплатно.

АКТИВНОСТИ НА ЕКО-ПАТРОЛАТА

АКТИВНОСТИ НА ЕКО-ПАТРОЛАТА

Во текот на месец јуни 2010, Еко - патролата при ЈП „Комунална хигиена“- Скопје перманентно вршеше увид на динамиката на селекцијата и собирањето на ПЕТ- селектираниот отпад, со цел спречување на неговата злоупотреба од страна на неовластени лица кои за стекнување финансиска добивка го одземаат ПЕТ- селектираниот отпад од специјално поставените садови наменети за негово одлагање.

На барање на ЈП „Паркови и зеленило“, Еко-патролата во текот на три работни дена изврши заедничка контрола на зелените површини во општините Карпош и Центар, при што од страна на прекршителите на Законот за јавна чистота беа исчистени вкупно 613 м3 отпад од дивите депонии.

Патролирање беше направено и на кејот 13-ти Ноември, при што беа опоменати граѓаните и вработените во околните стопански објекти кои ненавремено го исфрлаат сметот на посочената микролокација.

Во сите угостителски објекти лоцирани во Старата чаршија, Еко-патролата изврши едукација на тема – третман на жарот од скарите и на отпадоците од храната.

Во текот на своите активности во месецот јуни, Еко-патролата направи вкупно 68 записници за комунален отпад и 79 едукативни записници.

 

Пролетно чистење на Општината Карпош

Пролетно чистење на Општината Карпош

Во рамките на пролетната акција за чистење на општината Карпош, што ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје ја спроведе во периодот 15-17 јуни 2010, се расчистени вкупно 76 м3 диви депонии во општината, лоцирани на улиците:

Париска, Брадфордска, Рузвелтова, Јуриј Гагарин, Козле, Московска, Адолф Циборовски, Илинденска, Женевска, Варшавска, Митрополит Т. Гологанов (ТЦ Олимпико), Скупи Мусли Компани.

Направена е поправка на 47 контејнери, извршено е фарбање на 20 контејнери, додека дезинфицирани се и исчистени 55 контејнери од следните улици: Женевска, Митрoполит Теодосиј Гологанов, Козле, Миле Поп Јорданов, 8-ми Септември, Јуриј Гагарин, Московска, Митрополит Т. Гологанов, Партизанска, Рузвелтова, Варшавска, Милан Марковиќ, Волгоградска, Желево, Вич, Никола Парапунов.

Триесет работници од ЈП „Комунална хигиена“ беа секојдневно ангажирани со рачно метење и машинско перење на следните улици: Илинденска, О.Николов, Партизанска, 8-ми Септември, Б.Договор, Љубљанска, Н.Русински, Р.Бошковиќ, Б.Нушиќ, Н.Тесла, К.Востание, Волгоградска, Н.Парапунов, Р.Востание, Заводска, И.Л.Рибар, 557, Рузвелтова, Дрезденска, Козле,

Московска, Адолф Циборовски, Варшавска, Лондонска, Софиска, Женевска, Пролетерска, Ј.Гагарин, Брадфорска.

Во текот на акцијата, Службата за хуман третман и контрола на бездомните кучиња при стационарот „Вардариште“, залови вкупно 12 кучиња.

 

Пролетно чистење на Општината Центар

Пролетно чистење на Општината Центар

Во периодот 11-14 јуни 2010, пролетната акција за чистење на градот Скопје - „Заедно за чисто и зелено Скопје“ се одвиваше во општината Центар.

Во текот на акцијата се расчистени вкупно 121 м3 диви депонии во општината, лоцирани на улиците: Орце Николов, Мирче Мацан, Петар Поп Арсов, Борка Талевски, Никола Тримпаре, Топаанска (кај Теќето), Самоилова (три локации), Јоаким Крчовски (кај Турската и кај Албанската амбасада), бул.Гоце Делчев (заден влез на МТВ), Ѓуро Ѓоновиќ - Маџар Маало, Кеј 13-ти Ноември - Маџар Маало, Антонио Грубишиќ (кружен тек) и Раде Кончар.

Подигнати се вкупно 60 м3 од садовите специјално наменети за кабаст отпад, поставени на улиците: Народен фронт, ф-ка Треска, Рузвелтова, Пролет (две локации) и Ѓуро Ѓоновиќ.

Направена е поправка на 40 контејнери, додека дезинфицирани се и исчистени 30 контејнери од улиците: Самоилова, Јоаким Крчовски, Славеј Планина, Лазар Личеновски, Пролет, Никола Карев, Мирче Ацев, бул.11-ти Октомври, Антонио Грубишиќ, Васил Ѓоргов, Народен Фронт, како и во Градскиот парк.

Педесетина работници од ЈП „Комунална хигиена“ беа секојдневно ангажирани со рачно метење и машинско перење на следните улици и локации: бул. Св.Климент Охридски, Илинденска, Партизанска, Рузвелтова, И.Совет, В.Ѓорѓов, Водњанска, Народен фронт, Даме Груев, Дом на градежниците, Пролет, Ѓ.Ѓоновиќ, Н.Карев, М.Ацев, 11-ти Октомври, Ц.Поповиќ, Маџар Маало, Крњево, улиците и паркинг-плацевите кај МТВ, Д.Чуповски, Н.Вапцаров, М.Горки, М.Пијаде, бул. Гоце Делчев, Црвена општина, Пролет, Ѓ.Ѓоновиќ, Н.Карев, И.Л.Рибар, М.Х.Јасмин, Железничка, В.Главинов, Кочо Рацин, К.Ј.Питу, К.Мисирков, Г.Делчев, Л.Личеновски, П.П.Арсов, Ленинова, Џ.Џаковиќ, Дебарца, А.Грубишиќ, Т.Чешмиче, Пролет, Јужен Булевар, Кружен тек, Самоилова и скалите кај Стоковната куќа „Мост“, коцката кај Холидеј Ин, В.Аџиларски, Кочо Рацин, К.Ј.Питу. Со рачно метење беа опфатени и Плоштадот, Кејот 13-ти Ноември и улицата Македонија.

Во рамките на пролетната акција за чистење на општината Центар, Службата за хуман третман и контрола на бездомните кучиња при стационарот „Вардариште“, залови 43 вкупно кучиња.

 

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

ФОТОГРАФИИ

kamion6.jpg