
Во периодот 19-21 јуни 2010, во општината Аеродром, ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје ја спроведе пролетната акција за чистење „Заедно за чисто и зелено Скопје“.
Во рамките на акцијата се расчистени вкупно 463 м3 диви депонии во општината, лоцирани на следните улици: Гаврил Константинович (две локации), Богомилски поход, Тодор Чангов (четири локации), Јане Сандански (три локации), АСНОМ, Февруарски поход, Божин Николов, Лисец, Ѓорѓи Капчев, Василие Ѓуровиќ, Дванаесетта ударна бригада и Трговски центар Лисиче.
Подигнати се 60 м3 од садовите специјално наменети за кабаст отпад, поставени на следните улици: Горно Лисиче (до ОУ „Гоце Делчев“), Дванаесетта ударна бригада (две локации), Видое Смилевски-Бато, Васко Карангелевски (две локации), Венијамин Манчуковски, Владимир Комаров и Коста Новаковиќ.
Направена е поправка на 29 контејнери, фарбање на 40 контејнери, додека дезинфицирани се и исчистени 180 контејнери од улиците: Тодор Чангов, Јане Сандански, АВНОЈ, Горно Лисиче, Видое Смилевски-Бато, АСНОМ, Гаврил Константинович, Трговски центар Лисиче и Лисец. Репарирани контејнери се поставени на улиците: Тодор Чангов, Јане Сандански и АВНОЈ.
Триесетина работници од ЈП „Комунална хигиена“ беа секојдневно ангажирани со рачно метење и машинско перење на следните улици и локации: Дванаесетта ударна бригада, Мите Богоевски, Блажо Орландиќ, Црноризец Храбар, Ѓ.А.Кун, Димитар Македонски, Димитар Благоев, Благоја Мучето, Трговски центар-Лисиче, Гаврил Костантиновиќ, Димитар Туриманџовски, Митре Влаот, Горно Лисиче, Жорж Бизе, Ернес Телман, Јане Сандански, А С Н О М, Февруарски поход, Трета македонска бригада, Кузман Ј.Питу, Васко Карангелевски, Видое Смилевски-Бато, Србија, паркинг-плацеви кај т.ц. Бисер, Фрањо Клуз, Владимир Комаров, Симеон Кавракирев, Транспортен Центар, Локација под Железничката станица, Бојмија и Коста Новаковиќ.
Во текот на акцијата, Службата за хуман третман и контрола на бездомните кучиња при стационарот „Вардариште“, залови вкупно 17 кучиња.