02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     За нас     ISO-стандарди

ISO-стандарди

Во ЈП „Комунална хигиена“- Скопје е документиран и воведен систем за управување со квалитет (СУК), при што од страна на врвното раководство на Претпријатието е преземен ангажман за негово поддржување и континуирано подобрување на неговата ефикасност.

За да се обезбеди усогласеност со барањата на ISO 9001:2008, врвното раководство се стреми: 

- да се определат процесите неопходни за СУК и ги следи нивните примени во целото Претпријатие;

- да се определи сукцесивност и меѓусебно дејствување на тие процеси;

- да се определат критериумите и методите, осигурувајќи нивно ефективно функционирање и контрола на процесите;

- да има ресурси и информации за квалитетно функционирање и набљудување на процесите;

- да се обезбеди постојана контрола и мерење на процесите и карактеристиките на услугите;

- да се преземаат дејствија за постигнување на планираните резултати;

- се анализираат и преземаат мерки за континуирано подобрување на процесите.