02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Услуги     Собирање комунален отпад

Собирање комунален отпад

Собирањето на комуналниот отпад има директно влијание врз зачувувањето на урбаната животна средина од аспект на санитарно и еколошко значење.

Собирањето на комунален отпад од подрачјето на градот Скопје се врши од садови за негово привремено сместување - контејнери со зафатнина од 1100 литри, подземни контејнери  со зафатнина од 3000 литри, контејнери со зафатнина од 5000 литри и пластични канти со зафатнина од 120 литри.

Транспортирањето на комуналниот отпад се врши со специјални комунални возила, прилагодени на поставените садови за негово привремено сместување.

Динамиката на собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на градот Скопје се утврдува во зависност од:

- Густината на населеност;

- Количеството на создаден комунален отпад;

- Структурата на комуналниот отпад;

- Начинот на однесување на корисниците во урбаната средина;

- Инфраструктурните сообраќајни услови;

- Видот и бројот на поставените садови за комунален отпад.

За целосно собирање и транспорт на комуналниот отпад според утврдената динамика, подрачјето на градот Скопје опфатено со генералниот урбанистички план е поделено на соодветен број блокови.

Собирањето и транспортирањето на комуналниот отпад на подрачјето на градот Скопје се врши од физички лица/домаќинства и од правни лица.