MKALEN
Почетна     Услуги     Селекција на отпад и трансфер центри

Селекција на отпад и трансфер центри

СЕЛЕКТИРАЊЕТО  НА  УПОТРЕБЛИВИТЕ  СОСТОЈКИ  НА  КОМУНАЛНИОТ  ОТПАД  НА  МЕСТОТО  НА  НЕГОВОТО  СОЗДАВАЊЕ - ПРИМАРНА  СЕЛЕКЦИЈА,  БИТНО  ПРИДОНЕСУВА  ЗА  КВАЛИТЕТОТ  НА  УРБАНОТО  ЖИВЕЕЊЕ, НАМАЛУВАЊЕТО  НА  ВКУПНИТЕ  КОЛИЧИНИ  ОТПАД,  НОСИ  ЕКОНОМСКО- ФИНАНСИСКИ  БЕНЕФИТИ  И  ЈА  ЗГОЛЕМУВА  СВЕСТА  И  ОДГОВОРНОСТА  НА  СОЗДАВАЧИТЕ  НА  ОТПАД  И  ДАВАТЕЛИТЕ  НА  УСЛУГИ.

 

ВО  ФУНКЦИЈА  НА  ИНТЕГРИРАНО  УПРАВУВАЊЕ  СО  КОМУНАЛНИОТ  ОТПАД,  СЕГАШНИТЕ  Т.Н.  ПРЕТОВАРНИ  СТАНИЦИ , ОДНОСНО  ЛОКАЦИИТЕ  КАДЕ  ШТО  СЕ  ПОСТАВЕНИ,  СЕ  УПОТРЕБУВААТ  И  КАКО СТАЦИОНАРНИ  ТРАНСФЕР- ЦЕНТРИ / РЕЦИКЛАЖНИ  ДВОРОВИ  ИЛИ  СОБИРНИ  ЦЕНТРИ  ПРИ  ШТО  СЕ  ВРШИ  ОБИЧЕН  ПРЕТОВАР  НА  КОМУНАЛНИОТ  ОТПАД.  ВАКВИ  ТРАНСФЕР-ЦЕНТРИ  ТРЕБА  ДА  СЕ  ПРЕДВИДАТ  ВО  СЕКОЈА  ОПШТИНА  ВО  ГРАДОТ  СКОПЈЕ.

 

СЕГАШНАТА  СОСТОЈБА  ВО  ПОСТАПУВАЊЕТО  СО  КОМУНАЛНИОТ  ОТПАД  ПРЕТСТАВУВА  ДЕЛУМНА  ПРИМАРНА СЕЛЕКЦИЈА: ПЕТ-АМБАЛАЖА, ХАРТИЈА, КАРТОН  И  ЛИМЕНКИ  ( НА  ПОМАЛ  ДЕЛ  ОД  ГРАДОТ  СО  СИМБОЛИЧНИ  КОЛИЧИНИ  И  ИМПРОВИЗИРАНИ  СТАЦИОНАРНИ  ПРЕТОВАРНИ  СТАНИЦИ) ВО ТРАНСФЕР-ЦЕНТРИ  ВО  КАРПОШ  И  ВАРДАРИШТЕ.

 

ТРАНСФЕР-ЦЕНТАРОТ ВО КАРПОШ  ЈА  ОПСЛУЖУВА  ЦЕЛАТА  ТЕРИТОРИЈА  НА  ГРАДОТ  СКОПЈЕ  ЗА  ПЕТ-АМБАЛАЖА, ХАРТИЈА, КАРТОН  И  ЛИМЕНКИ.

 

НЕОПХОДНО  Е МЕНАЏМЕНТОТ  НА  ЈП  „КОМУНАЛНА  ХИГИЕНА“    ДА  ПОНУДИ  СИСТЕМ  ЗА  СЕЛЕКТИВНО  СОБИРАЊЕ НА  ОТПАДОТ-ПРИМАРНА  СЕЛЕКЦИЈА, НАДОВРЗАН  СО  СИСТЕМ  НА  РЕЦИКЛАЖНИ  ДВОРОВИ / ТРАНСФЕР-ЦЕНТРИ.

 

ИМАЈЌИ  ГИ ПРЕДВИД  СВЕТСКИТЕ  ИСКУСТВА, ОРГАНИЗАЦИСКО – ТЕХНИЧКИТЕ  БАРАЊА, ЕКОНОМСКАТА  ОПРАВДАНОСТ, СПЕЦИФИКИТЕ  НА  СКОПСКОТО  УРБАНО  ЖИВЕЕЊЕ  ИТН.  КАКО  НАЈЕФИКАСЕН  МОДЕЛ  ЗА  ПРИМАРНА  СЕЛЕКЦИЈА  НА  КОМУНАЛНИОТ  ОТПАД  СЕ  НАМЕТНУВА  НЕГОВОТО РАЗДВОЈУВАЊЕ  НА  СУВА  ФРАКЦИЈА (ПРЕОВЛАДУВА  ОТПАД  ОД  ПАКУВАЊЕ ) И  ВЛАЖНА  ФРАКЦИЈА  (ПРЕОВЛАДУВА  БИОРАЗГРАДЛИВ  ОТПАД) 

 

ПОДЕЛБАТА  НА  СУВ И НА ВЛАЖЕН  КОМУНАЛЕН  ОТПАД  КОРЕСПОНДИРА  КАКО СО  ЕВРОПСКИТЕ  ИСКУСТВА, ТАКА  И  СО  НАШАТА  ЗАКОНСКА  РЕГУЛАТИВА.