02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     За нас     БИОГРАФИЈА НА ДИРЕКТОРОТ НА ЈПКХС

БИОГРАФИЈА НА ДИРЕКТОРОТ НА ЈПКХС

Абдусамед Шабани е роден на 13 август 1982 година, во Скопје. Основното и средното образование го завршил во Скопје. Во 2005 година, дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, додека во 2010 година го положил правосудниот испит во Министерството за правда на РМ.

Во 2006 година се вработил во Агенцијата за вработување на РМ, каде што од 2008 до 2010 година ја извршувал функцијата заменик-раководител на Центарот за вработување на Градот Скопје. 

Во 2010 година, од страна на Владата на РМ е именуван за заменик-директор на Агенцијата за вработување на РМ, функција што ја извршувал до 2015 година.

Во декември 2017 година, од страна на Градоначалникот на Градот Скопје е назначен на функцијата директор на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.

Абдусамед Шабани е оженет и татко на четири деца.