MKALEN
Почетна     За нас     Дејност

Дејност

I. Основна дејност:

ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ - СКОПЈЕ

ЈП „Комунална хигиена“- Скопје, чијшто основач е Градот Скопје, е едно од најголемите претпријатија од комуналната област во Република Македонија.

Во своето над стогодишно постоење и дејствување, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје успешно се грижи за одржување на јавната чистота на подрачјето на Градот Скопје.  Развивајќи се истовремено со развојот и модернизацијата на Скопје, со добрата организација, ефикасноста, одговорноста и дисциплината, ЈП „Комунална хигиена“ прерасна во лидер во областа на комуналните дејности во државата.

Во ЈП „Комунална хигиена“-Скопје се вработени околу илјада работници и истото располага со над 130 специјални комунални возила за собирање и транспортирање на комунален отпад  и за извршување на другите дејности што се во надлежност на Претпријатието.

 

СЕКОЈДНЕВНА ГРИЖА ЗА ЈАВНАТА ЧИСТОТА И УРБАНИОТ ЛИК НА МАКЕДОНСКАТА МЕТРОПОЛА

Во дејностите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спаѓаат:

- Собирање и транспортирање на комуналниот отпад од контејнерите поставени на јавни сообраќајни површини, од пластичните канти лоцирани кај индивидуалните домаќнства и од корпите за отпадоци во градот Скопје, во три смени во текот на 24 часа, седум дена во неделата, 365 дена во годината. Се опслужуваат преку 140 илјади домаќинства и десетици илјади стопански субјекти и институции од градските и од руралните средини. Во депонијата „Дрисла“  годишно се транспортираат и депонираат  над 130 илјади тони комунален отпад.

- Одржување на хигиената на јавните сообраќајни површини на територијата на градот Скопје, што подразбира нивно рачно и машинско миење и метење.

- Селекција на пакување и отпад од пакување (пластика, хартија и лименки) во над 250 наменски мрежести контејнери поставени на повеќе локации на подрачјето на градот Скопје и околу илјада сетови од по четири наменски пластични канти лоцирани во јавни и образовни институции.

-Обработка и балирање на селектиран отпад во центрите за селекција сместени во населбата Карпош и на Вардариште, каде што се поставени специјални садови во коишто граѓаните на градот Скопје можат да го одложат непотребниот кабаст, електронски, стаклен и метален отпад.

- Стационар за згрижување на бездомни кучиња „Вардариште“, каде што успешно се спроведува Проектот за хуман третман на бездомните кучиња на подрачјето на градот Скопје, според програмата „Catch, neuter, release“ („Залови, стерилизирај, врати“), осмислена од Светската асоцијација за заштита на животни (WSPA) и Кралското здружение за заштита на животните на Велика Британија (RSPCA), а поддржана од Светската здравствена организација (WHO).

- Едукација на младата популација за правилниот однос кон хигиената и кон животната средина.

- Поддршка и организација на јавни манифестации од аспект на одржувањето на јавната хигиена.

- Еко-патрола што е задолжена да  го лоцира неправилно одложениот комунален отпад и да преземе конкретни мерки за заштита на животната средина. Ги едуцира граѓаните за начинот на постапување со комуналниот отпад и почитувањето на воспоставениот комунален ред во градот, со цел да се зачува здрава животна средина.

 

НАША ПОЛИТИКА ЗА РАЗВОЈ

Визијата на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје е Чисто Скопје и задоволни граѓани“.

За да се оствари оваа визија, во нашето работење ги имплементираме европските стандарди и воведуваме најсовремена техника и технологија.

За зголемување на ефикасноста и ефективноста во извршувањето на функциите на Претпријатието и подигнувањето на квалитетот на услугите е воведен стандардот за квалитет ISO 9001:2008.

 Во Претпријатието е воведен современ информациски систем што овозможува примена на информатичката технологија во секојдневното работење (постоење на повеќе софтверски апликации). Инсталиран е модерен компјутерски центар, оптички поврзан со над 120 работни станици во една единствена информациска мрежа.

ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје изработи нова функционална интернет- страница, преку којашто ги презентира своите секојдневни активности и на граѓаните им овозможува на брз и едноставен начин да ги добијат сите потребни информации во врска со услугите што ги нуди Претпријатието, со што се обезбедува целосна транспарентност во работењето.

Наша цел е исполнување и надминување на очекувањата на нашите корисници. Затоа и во наредниот период несебично и посветено ќе се трудиме континуирано да го подигнуваме квалитетот на нашите услуги.

 

II. Дополнителни дејности

- Чистење на септички јами;

- Подигање на згазени и умрени животни и заловување и третман на кучиња – скитници во стационар

- Подигнување –собирање на кабаст отпад

 

III. Други оперативни активности

- Еко – патрола и дежурен телефон;

- Еколошка едукација