Во текот на вчерашната ноќ и денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје го расчистуваа нападнатиот снег на булеварите и улиците во сите скопски општини.
Со цел да се овозможи безбедно движење на пешаците, беше извршено и посолување на пешачките патеки и тротоарите на: мостот „Гоце Делчев“, Камениот мост, Мостот на уметноста, мостот „Око“, Мостот на револуцијата, мостот „Слобода“ и мостот на Бит пазар.
Во зависност од временските прилики, активностите на екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжат и во текот на вечерните и ноќните часови, со сета расположлива механизација и човечки ресурси.




