ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ЈП „Комунална хигиена“- Скопје спроведува едукативни активности за граѓаните на општината Кисела Вода

ЈП „Комунална хигиена“- Скопје спроведува едукативни активности за граѓаните на општината Кисела Вода

 

ЈП „Комунална хигиена“- Скопје спроведува едукативни активности за граѓаните на општината Кисела Вода

 

ЈП „Комунална хигиена“- Скопје спроведува едукативни активности на локациите каде што континуирано се создаваат диви депонии, како резултат на неправилното одлагање на отпадот од страна на граѓаните.

На улицата Димо Хаџи Димов, во општината Кисела Вода, вработените во Еко-патролата и одделенијата за Едукација, Квалитет и развој и Професионална одговорност при ЈП „Комунална хигиена“- Скопје, денеска реализираа едукативна акција за правилно и совесно постапување со отпадот.

Граѓаните беа едуцирани дека според Законот за јавна чистота, отпадот не смеат да го одлагаат на јавни површини и информирани за можноста електронската, електричната опрема и застарениот мебел бесплатно да го депонираат во центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште.

 

[ четврток, 23 мај 2019 ] [ 2467 ]

 

Вести

Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar