ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ ОГРОМНА ДИВА ДЕПОНИЈА ВО НАСЕЛБАТА ЛИСИЧЕ

АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ ОГРОМНА ДИВА ДЕПОНИЈА ВО НАСЕЛБАТА ЛИСИЧЕ

АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ ОГРОМНА ДИВА ДЕПОНИЈА ВО НАСЕЛБАТА ЛИСИЧЕ

Во рамките на координирана акција со Инспекторатот на Градот Скопје, во текот на вчерашниот ден екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје започнаа акција за чистење на огромна дива депонија лоцирана во приватен двор во скопската населба Лисиче.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје досега подигнаа и транспортираа 300 кубни метри кабаст и мешан комунален отпад, а активностите ќе продолжат и во текот на претстојните неколку дена, сè додека посочената локација не биде исчистена во целост.

Секое непрописно одлагање на отпадот надвор од поставените садови, претставува прекршување на Законот за јавна чистота и истовремено директно влијае врз загадувањето на животната средина и здравјето на граѓаните.

Во текот на месец септември 2018 година, Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје изготви 125 информативно-едукативни записници за граѓаните што беа забележани дека непрописно го одлагаат  својот отпад, а овие лица беа соодветно санкционирани и од страна на комуналните инспектори. Еко-патролата и во текот на претстојниот период ќе продолжи со координирани акции и дежурства во сите скопски општини.

[ четврток, 18 октомври 2018 ] [ 2326 ]

Вести

Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar